Powered By Blogger

18. 8. 2014.

Ивановски дебитираше, важна гостинска победа на Клуж

ПРВИ МИНУТИ ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО НЕГОВАТА НОВА ЕКИПА ВО РОМАНИЈА
Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски ги одигра првите минути за неговиот нов клуб, Клуж од Романија.
Скоро еден месец откако дресот на Астра го замени со Клуж, во 85 минута од гостувањето кај Констанца, битолчанецот влезе на местото на Таде и одигра 8 минути во трумфот на Клуж од 2:0. Деак во 43 и Таде во 82 минута беа стрелци на головите за Клуж. Со оваа победа екипата на Ивановски  е седма со 7 освоени бода. Наредниот понеделник од 20 часот, Клуж го дочекува Газ Метан во последниот меч од 8 коло на романското фудбалско првенство.  

Нема коментара:

Постави коментар