Powered By Blogger

18. 8. 2014.

И среќата им го сврте грбот на пелистерци

ВТОР ДОМАШЕН ПОРАЗ И ПАК СО 0:1 ЗА БИТОЛСКИТО ПРВОЛИГАШ ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
Прва фудбалска лига - 3 коло

Пелистер - Металург 0:1 (0:1)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 1500
Главен судија: Горан Спиркоски (Прилеп)
Стрелец: Тантуровски во 45 минута за Металург
По победата во гости против Хоризонт Турново, избраниците на Марјан Секуловски со голема мотивација и самодоверба влегоја во мечот со Метачург. Пелистер ја имаше контролата на натпреварот и не му дозволуваше на противникот да создаде своја игра и да креира шанси. Првата голема можност фудбалерите на Пелистер ја имаа кон средината на првото полувреме. Александар Анастасов од околу 30 метри од слободен удар ја уфрли топката во пред голот на Ефремов, ниту еден играч од двете екипи не успеа да ја зафати, па ударот заврши во стативата. Металург чекаше шанса преку контранапади и ја долека вистинската можност. Се играше 45 минута од првото полувреме, кога Тантуровски прими топка на 16 метри од домашниот гол, добро се намести и успеа да шутира и да го совлада покриениот Пашовски. Во второто полувреме Секуловски во игра ги уфрли Марковски и Љамчевски на местата на Динчев и Трајковски, па Пелистер значително го засили нападот. Во 80 минута од натпреварот, Брдаровски центрираше на втората статива, топката стигна до Миленковски, овој биеше од 11 метри од косо и ја погоди гредата од голот на Ефремов. Во продолжението на акцијата топката се одби на 10 метри, Ристевски биеше силно но Ефремов повторно интервенираше, како и по обидот на Ступиќ со волеј под пречката, но пак одбрани гостинскиот голман. Несреќен пораз на зелените кои по прикажаното заслужија многу повеќе. 

Нема коментара:

Постави коментар