Powered By Blogger

9. 8. 2014.

Од Турново тргнува вистинскиот одговор на пелистерци

БИТОЛЧАНИ СПРЕМНИ ЗА ПРВОТО ГОСТУВАЊЕ ВО СЕЗОНАТА
Пред гостувањето во Турново, фудбалерите на Пелистер одработија позитивна недела во која стручниот штаб имаше можност да го мониторира прогресот на екипата, која се очекува на физички план да расте од коло во коло.
Од здравствениот билтен Секуловски нема помош и овој пат ќе биде без Тодоровски и Брдаровски, кои повредите ќе ги оддалечат од фудбалските терени скоро цел месец август. „Конците„ на играта во средниот ред ќе му бидат доверени на Александар Анастасов, кој со оптимизам гледа на гостувањето кај Хоризонт Турново: „Мислам дека двете екипи ќе бидат силно мотивирани да го поправат пропуштеното од првото коло каде загубија. Нема да биде едноставно, иако секогаш добро играме на теренот во Турново. Против Вардар беше друг тип на натпревар каде мислам дека посебно во првото полувреме одигравме достоинствен меч, па штета што во 4-5 минути на почетокот на второто полувреме му дозволивме на противникот да наметне иницијатива врз нас. Ова ќе биде многу поинаков натпревар и верувам дека ќе имаме простор и за игра и за контранапади„ верува во соиграчите Анастасов. Мустафов и Марковски кандидираат за место во стартниот тим за разлика од „вечното дерби„ а можеби и првите минути во новата сезона ќе ги дочека и Дејан Велевски. На три од последните четири меча во Турново, пелистерци имаат многу позитивни резултати и само загубија со 1:0 во 31 коло од претходниот шампионат, со примен гол во самиот финиш од средбата.

Нема коментара:

Постави коментар