ЗАСИЛУВАЊЕТО ВО НАПАДОТ СО ДВА ГОЛА ЈУНАК НА ГОСТУВАЊЕТО НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПОД ШАРА
Прва фудбалска лига - 4 - коло
Ренова - Пелистер
0:2 (0:1)
Градски стадион
во Тетово. Гледачи: 500
Главен судија:
Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан
Неделковски и Гоце Петрески (сите од Скопје)
Стрелец: Ступиќ
во 45 и 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Мојсов
(Ренова)
Црвен картони: Саимир
Фетаи во 78 минута за Ренова
Мустафи,
Мишковски, Мемеди, Асани, Незири, Мојсов (од 55м. Фетаи), Емини, Селмани (од
80м. Велија), Нухиу, Бујчевски (од 63м. Рамадани), Гафуру
Пелистер:
Пашовски,
Брдаровски, Крстевски, Степановски, Петковски, Мустафов, Миленковски, Анастасов,
Марковски, Ристевски (од 75м. Љамчевски), Ступиќ
Со голот на Бошко
Ступиќ по центаршутот на Александар Анастасов и лошата реакција на голманот Мустафи
во последната минута од првиот дел, Пелистер успеа да поведе на гостувањето под
Шара против Ренова во мечот од четвртото коло на Првата фудбалска лига. Претходно
се играше изедначено без зрели шанси. Во 7 минута Селмани ја имаше првата
закана за домаќините, а потоа двата екс пелистерци Бујчевски и Ѓорѓи Мојсов
имаа полушанси. Првата опомена на битолчани ја имаше Брдаровски во 32 минута,
но неговиот удар успеа да го одбрани Сељадин Мустафи. Исто така и Бурхан
Мустафов беше многу блиску до постигнување на гол, но со крајни напорни
голманот на „гипсарите„ успеа да одбрани. Пелистер ја оствари првичната цел и
на одмор замина со предност од гостувањето кај Ренова. И продолжението започна
со голема шанса за Ступиќ, но откако мина по левата страна премногу
размислуваше и одбраната на Ренова стигна да расчисти. Домашниот тренер Османи
направи две замени во раната фаза на вториот дел и ги уфрли Фетаи и Рамадани
место Мојсов и Бујчевски. Домаќините постојано напаѓаа, но збркано и без зрели
можности да го загрозат Пашовски. Вистинска бура настапи во завршницаата.
Најпред во 78 минута Фетаи заради груб прекршок заработи втор жолт картон и
исклучување. Веднаш Изаир Емини имаше изразита шанса за домашната екипа, но
Менде Степановски успеа да изблокира. Во збркана иницијатива мечот влезе во судиското
надополнување, а таму Благојче Марковски повлече контранапад и го проигра Бошко
Ступиќ, а овој го матираше Мустафи и ги разреши дилемите. Втора победа во
сезоната и втор гостински триумф за момците на Секуловски, кои в среда во
вонредното 5 коло го дочекуваат Работнички под Тумбе кафе.
Нема коментара:
Постави коментар