Powered By Blogger

31. 8. 2014.

Нови Пазар и Канатларовски сопрени на „Карабурма„

ДУРИ ВО ЧЕТВРТИОТ МЕЧ, ПРВ ПОРАЗ НА НОВИ ПАЗАР НА КАНАТЛАРОВСКИ ВО СРПСКАТА ЛИГА
Во четвртиот меч од српската Јелен Супер лига, екипата на Нови Пазар на македонскиот стручњак Драган Канатларовски го претрпе првиот пораз.
Имено во драматичен меч на „Карабурма„ ОФК Београд го совлада тимот на битолчанецот со 3:2, со подобро прво полувреме на домашната екипа. Во 33 минута Јовановиќ ги доведе белграѓани во водство, а Чавриќ во 54 минута зголеми на 2:0. Рагиповиќ од пенал само четири минути подоцна намали на 2:1, но Јанковиќ во 83 минути ги „потопи„ сите надежи дека Нови Пазар може да остане непоразен. Финалните 3:2 ги постави Видаковиќ во 90 минута. Со 7 бода по четири кола, Нови Пазар се наоѓа на делба од 5 до 8 место, а во наредното петто коло го дочекува Младост во обид да одпочне нова серија на победи. 

Нема коментара:

Постави коментар