Powered By Blogger

8. 8. 2014.

Само Турново во мислите на пелистерци

КОНЦЕНТРАЦИЈА И МОЛК МЕЃУ ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР, КАКО ЗНАК ДЕКА ВАРДАР Е ЗАБОРАВЕН И МИСЛИТЕ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ПРВОТО ГОСТУВАЊЕ
Иако не е лесно да не се размислува и да не се коментираат случувањата на „вечното дерби„ фудбалерите на Пелистер имаат само една мисија до крајот на неделата, таа мисија се вика Хоризонт Турново.
И како што потенцираа фудбалерите и стручниот штаб, мечот со Вардар не е целосно мерило за јачината на новиот Пелистер, кој и натаму е во фаза на создавање. Се очекува од натптревар во натпревар битолчани да бидат подобри и подобри. Во наредните две кола за противници имаат екипи кои играа во европските купови и со тоа физички се најспремни од сите десет прволигаши. Но на последните гостувања на „Кукуш„ зелените имаат позитивен биланс. Во претходниот шампионат Пелистер го совлада Хоризонт Турново на Гоце Седлоски со 2:0 со головите на Љубенов и Стенио Жуниор. Во шампионатот 2012/13, битолчани два пати водеа, но турновци два пати израмнуваа во полемичен меч воден од интернационалниот судија Александар Ставрев (2:2). Брдаровски и Тодоровски тренираат, но одвоено од групата и не се во комбинација за првото гостување на Пелистер во новата сезона. Тимот кој играше против Вардар ќе претрпи една-два измени во стартниот тим, но во клубот се едногласни дека екипата е на вистинската линија и кога ќе ја достигне вистинската форма со оглед на доцниот старт, ќе ја добие вистинската физиономија.   

Нема коментара:

Постави коментар