Powered By Blogger

16. 8. 2014.

Изненадувачка победа на Берое во Софија, Ристевски одигра цел натпревар

ЗА ПРВ ПАТ ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД КЛУБОТ НА КИРЕ РИСТЕВСКИ ПОРАЗЕН СРЕД СОФИЈА
Голема победа издвојува Берое од Стара Загора, клубот на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски, на гостувањето во Софија против Славија со 2:0 во рамките од петтото коло на бугарската прва лига.
Спировски остана на клупата се до 78 минута, кога тренерот Хубчев го уфрли во игра, а стрелци на головите за гостинските зелени беа Керкар во 18 и Христов во 43 минута. За Славија од Софија како и на сите натпревари, настапи и одигра многу солидно вториот македонски репрезентативец во бугарската лига, Кире Ристевски. Овој пат Ристевски играше во средината на одбраната, откако на неколку меча беше и лев бек. По ова коло, Берое е втор со 8 бода, а Славија осма со 5 бода. Во наредното 6 коло, Берое го дочекува Хасково наредната недела во Стара Загора. 

Нема коментара:

Постави коментар