Powered By Blogger

3. 8. 2014.

Вардар мора подобро, Секуловски жали за деталите и деконцентрацијата

ПО МЕЧОТ ДВАЈЦАТА ТРЕНЕРИ СЕУШТЕ ПОД ШОК ОД ИНЦИДЕНТОТ И НЕНАЈКВАЛИТЕТНИОТ НАТПРЕВАР
Импресиите по мечот беа поделени помеѓу инцидентот и лошиот натпревар во кој одлучувачки беше еден момент на почетокот на вториот дел:

Марјан Секуловски
(тренер на Пелистер)

Одигравме одличен натпревар во кој во првото полувреме ги ловевме противничките грешки и малку среќа и искуство недостигаше да дојдеме до прв гол. Падот на концентрацијата и деталит на почетокот на вториот дел го решија победникот. Штета што не успеавме нашата публика да ја наградиме со позитивен резултат. Прекинот заради инцидентот на вардаровиот навивач ги олади работите на теренот токму при нашата иницијатива и тоа им одеше во прилог на нашиот противник. Сакам да им честитам на моите фудбалери кои одиграа како што се договоривме, но Вардар не е наша категорија во овој шампионат и мора да продолжиме вака организирано и во продолжението на шампионато.


Александар Васовски
(помошник тренер на Вардар)

Навистина ми е жал за она што се случи и што го видов со мои очи. Навивачот остана без рака и во овој момент ништи друго не е важно. Некој сака да дојде на натпревар со дете, со семејство а се случуваат вакви изолирани инциденти. Штета бидејќи атмосферата беше прекрасна, амбиентот извонреден. Околу натпреварот, победивме но Вардар мора да игра подобро. На три бода во Битола не треба да му се бараат замерки. На почетокот на вториот дел имавме удар во пречката, две шанси и постигнавме гол. Верувам дека во иднина ќе играме уште подобро.

                
Ецкоски со тајм-аут му пркосеше на жештината

Охридскиот судија Марјан Ецкоски препозна дека натпреварот се игра по пеколна жештина и два пати на средината од двете полувремиња досуди тајм-аут, како фудбалерите би се одмориле. Практиката од светското првенство мора да се спроведува и во нашето првенство, посебно во првите кола кога температурата достигнува до и преку 30 степени целзиусови.


Пресметка на „Комитите„ со полицијата и неколку повредени

Некаде на средина од првиот дел, гостинските навивачи „Комити„ пристигнаа на стадионот под Тумбе кафе да ја боддат својата екипа. Откако минатата сезона не беа во Битола заради протест кон сопствената управа, сега тие со неколку автобуси пристигнаа и со големо обезбедување се сместија на помалата трибина под Тумбе кафе. При нивното заминување во 90 минута имаше помала пресметка помеѓу „непослушните„ гостински навивачи и полицијата. При пресметката еден од навивачите на Вардар беше тешко повреден и остана со тешка повреда на раката. Итно беше префрлен со амбулантното возило во битолската полиција. Имаше и неколку дурги повредени гостински навивачи при инцидентот при излегувањето од малата трибина на стадионот под „Тумбе кафе„.Прашање е дали повеќе треба да се игра фудбал кај нас и посебно да се дозволи гостински патувања.

Околу 2000 продадени билети за „вечното дерби„

Иако неофицијално од организаторот на натпреварот стигна информација дека биле продадени ококу 2000 билети, иако на стадионот имаше преку 5000 гледачи. И покрај многуте гости и пуштени гратис билети, повторно на трибините имаше многу гледачи без платен билет. Сепак и овие 2000 продадени билети (цената за еден билет беше 100 денари) се меѓу најдобрите посети во последните сезони во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар