Powered By Blogger

1. 8. 2014.

Грижи околу тимот и повредените во Пелистер

НА ДВА ДЕНА ДО „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ МНОГУ ГРИЖИ ЗА ТРЕНЕРОТ СЕКУЛОВСКИ
Главна, ако не и единствена спортска тема деновиве во исполнетата со туристи и иселеници Битола е неделното „вечно дерби„ помеѓу Пелистер и Вардар. Се бројат деновите до почетокот на новата сезона, до најновото соочување на нашите најтрадиционални прволигаши. И ако минатата сезона двете екипи го испуштија „возот„ за Европа, оваа посебно Вардар кова стратегија како да се врати на врвот.
Во битолскиот табор тренерот Секуловски во мир го подготвува големиот дуел, иако има проблеми со две-три позиции на теренот, каде ќе му недостигаат предвидените стартери. Владица Брдаровски и Гоце Тодоровски почнаа со тренинзи, но далеку се тренинзи со остатокот на тимот и нема да настапат во првото коло. На двете позиции битолскиот стручен штаб има предвидени замени, иако прашање е како тие ќе одговорат на предизвикот. Минатата сезона натпреварите на двата ривали беа тврди, со мал број на голови и исполнети со полемика. Така на последниот меч во Битола, Вардар славеше со пресврт со 2:1 и со многу полемика заради поништениот гол на Христијан Драгарски во последните моменти. Искусниот капитен на зелените Горан Пашовски, иако знае дека Пелистер не можеше да посака посилен противник на стартот на сезоната, се радува на мечот со Вардар. „Предноста на Вардар е што направи квалитетни подготовки и одигра силни пријателски натпревари. Ние успеавме да се консолидираме и во соблекувалната владее добра клима пред овој меч. Ќе им ја препуштиме фаворитската улога на нашите противници, но сите фудбалери на Пелистер ќе бидат посебно мотивирани, бидејќи мечевите со Вардар се посебни за секој фудбалер во домашното првенство„ вели Пашовски. Новајлијата Бошко Ступиќ кандидира за место во нападот заедно со Марковски и Главевски, а на позицијата десен бек опции се Миле Петковски и бугаринот Кирил Динчев. Средниот ред на Пелистер најверојатно ќе биде исполнет со млади момчиња, а за некои како Трајковски или Мустафов и прво искуство во „вечното дерби„ Дури сабота наутро по последниот тренинг, тренерот Марјан Секуловски ќе го дефинира тимот и ќе ги разреши дилемите кои евидентно постојат.  

Нема коментара:

Постави коментар