БИВШИОТ БЕК НА ПЕЛИСТЕР ОДИГРА 84 МИНУТИ ЗА СВОЈОТ НОВ КЛУБ
Бившиот фудбалер
на Пелистер и младински репрезентативец Томе Китановски дебитираше за српскиот
прволигаш Вождовац, играјќи скоро цел натпревар против Партизан. Китановски како
десен бек одлично одигра до 84 минута кога беше заменет со Секулиќ. Неговиот
тим не само што долго време играше рамноправно со фаворитот, туку во 74 минута
и поведе. Трипковиќ со удар од дистанца го изненади Лукач и на домашната екипа
му донесе водство. Но пет минути подоцна Стошиќ беше невнимателен и го измами
својот голман Супиќ и Партизан израмни на 1:1. Стрелецот на голот на домаќините
Трипковиќ беше исклучен во судиското надополнување, а со човек повеќе гостите
преку Волков на додавање на Вукчевиќ дојдоа до гол за водство. Подоцна Фофана
во 96 минута погоди и за 1:3 и тешко издвојувана победа на црно-белите.
Нема коментара:
Постави коментар