Powered By Blogger

16. 8. 2014.

Пачовски на клупата, Мехелен трет пат по ред поразен

ПЕРИОД НА ПРВА КРИЗА ВО ТАБОРОТ НА МЕХЕЛЕН НА ПАЧОВСКИ ОВАА СЕЗОНА
Во рамките на четвртото коло од белгиската Жупилер лига, сосема неочекувано Мехелен на македонскиот репрезентативен капитен Томе Пачовски загуби на гостувањето кај Остенде со 2:0. Тренерот на црвено-жолтите го остави Пачовски на клупата и шанса му даде на Биебо.
Долго време мрежите мируваа и во последните 20 минути два пати се затресе гостинската. Де Шутер во 70 и Рујтингс во 73 минута беа стрелци на головите за Остенде, кој ја продлабочи првата криза на српскиот тренер Јанковиќ. Мехелен има само 3 бода и во наредното петто коло наредната недела од 18 часот го дочекува фаворитот Бриж на тренерот Мишел Пруд Ом. 

Нема коментара:

Постави коментар