ПРВО РЕМИ ВО НОВАТА СЕЗОНА ВО ШЕСТИОТ МЕЧ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лига - 6 - коло
Силекс - Пелистер
1:1 (0:1)
Градски стадион
во Кратово. Гледачи: 500
Главен судија:
Јосип Бартон (Тетово)
Асистенти: Никола
Божиновски и Марјан Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Никола
Џорлев (Струмица)
Стрелец:
Марковски во 33 минута за Пелистер, а Јанев во 90+10 минута за Силекс
Жолти картони: С.
Рудан, Велинов (Силекс), Петковски (Пелистер)
Црвени картони:
Трајковски (Пелистер) во 90 минута
Ников, Тимовски, Јанев, С.
Рудан, Тодоров, Мицков, Дурански, М. Рудан (од 60м. Недељковиќ), Велинов (од
84м. Симјановски), Пановски, Ѓорѓиев
Пелистер:
Пашовски,
Брдаровски, Крстески, Степановски, Петковски, Ристевски (од 74м. Љамчевски),
Анастасов, Миленковски, Марковски (0д 60м. Трајковски), Ступуќ
Фудбалерите на
Пелистер пропуштија голема шанса да ја забележат третата последователна победа
и третата гостинска радост, откако во Кратово длабоко во судиското надополнување
примија гол за 1:1. Пак момците на Марјан Секуловски одиграа одличен, мудар и
компактен меч и во целост заслужија награда од три бода, која за жал не дојде.
По половина час без зрели шанси и со почетно испитување на силите, битолчани
поведоа цо 33 минута. Големо недоразбирање на домашните дефанзивци Рудан и
Јанев и откако топката ги прелета, бившиот фудбалер на Силекс, Благојче
Марковски изби сам пред Ников и го совлада за 0:1. Пет минути подоцна и Диме
Ристевски имаше шанса, но не успеа да го најде патот до домашната мрежа. За жал
на почетокот на второто полувреме, стрелецот Благојче Марковски посериозно се
повреди и мораше со возилото на брза помош да биде изнесен од теренот. Екипата
на Зоран Штерјовски постојано ја имаше топката, но таа иницијатива беше јалова
и домаќините не креираа опасности по голот на Пашовски. На 10 минути до крајот
гостинскиот тренер Марјан Секуловски беше исклучен заради протести кон главниот
судија Јосип Бартон. Мечот влезе во судиското надополнување кое несватливо
траеше предолго, посебно по 90 минута кога Јовче Трајковски заработи директен црвен
картон. Пелистерци се повлекоа и не го издржаа уште последниот слободен удар,
подарен за кратовци. По скоро 100 минути по нафрлањето од 20 метри од десно, на
втора статива најдобро се снајде Јанев и ја втурна топката во мрежата на
битолчани за финални 1:1. Штета за пропуштената шанса, но и со ова реми екипата
на Пелистер останува на четвртото место, сега со 10 бода. По двонеделната пауза
во Битола гостува Тетекс во седмото коло.
Нема коментара:
Постави коментар