ПРВАКОТ НА РОМАНИЈА ОБЕЗБЕДИ МЕСТО ВО ГОЛЕМАТА ЧЕТВОРКА НА ЕХФ КУПОТ
Ракометарите на
Констанца на македонскиот тренер Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав
Ангеловски го остварија најголемиот успех во клубската историја, откако се
пласираа во полуфиналето на ЕХФ Купот на Final four турнирот во Берлин на 17 и 18 мај.
На возвратниот натпревар од четвртфиналето во Шведска, првакот на Романија загуби од Луги со 34:28 (14:13) и по триумфот од 10 разлика во Романија обезбеди место во друштво на Фуксе Берлин на завршниот турнир. Екипата на Шундовски во ниту еден момент не им дозволи на скандинавците да се понадеваат и Луги стигна само до чесна елиминација со победа од 6 разлика. Останатите два полуфиналисти на ЕХФ Купот ќе бидат познати утре по возвратните мечеви меѓу ПИК Сегедин - Спортинг и Монпеље - Нант.

Нема коментара:
Постави коментар