Powered By Blogger

1. 4. 2014.

Вистинските зимски засилувања, Пелистер ги имаше во своите редови

КОГА ВЕЌЕ НЕ КУПИЈА ЗАМЕНИ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ КОИ ЗАМИНАА, БИТОЛЧАНИ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ИМААТ ВО ЕСЕНСКИТЕ РЕЗЕРВИ
Кога во зимскиот преоден рок Пелистер остана без Стенио Жуниор, Алтипармаковски и Китановски, малкумина веруваа дека тимот ќе може да го одржи ритамот од есента.
Но вистинските зимски засилувања се криеа во сопствените редови. Воденичаров и Љубенов кои не играа во континуитет во првата половина од сезоната, имаа можност да направат вистински подготовки за разлика од минатата година кога влетаа во септември од петтото коло и не им беше чесно да се имплементираат во системот на Бочевски. Оваа пролет во шест натпревари головите за Пелистер ги постигнуваат само бугарските интернационалци Ковачев, Љубенов и Воденичаров и младиот Петар Љамчевски. Очигледно Димитар Воденичаров како најистурен напаѓач сега не чувствува притисок, му одговара системот на игра со чести придодавања  и реализираше клучни голови. Во неделата против Гостивар зелените не ризикуваа ништо, поведоа на време и знаеа да го администрираат водството. Но ако бодовите од претходните четири меча беа искалкулирани, како вистинската пролет за Пелистер сега да започнува. Следуваат многу тешки натпревари и директни дуели во кои се гледа вредноста на екипа. Тренерот Бочевски искусно не даваше невозможни ветувања: „Играме полетно, победуваме но има уште многу да се игра. Излезот за Европа како наша цел би бил голема работа. Јас не заборавам што се изгубивме во зимскиот преоден рок и какви фудбалери заминаа. Но сите сме свесни дека во оваа фаза на шампионатот се е можно и ако нешто големо ни се укаже ќе го зграбчеме„ ни рече на вчерашниот слободен ден за фудбалерите, охридскиот тренер Драган Бочевски. Фудбалерите од денес ја започнуваат подготовката за Ренова, а за „гипсарите„ спремен ќе биде и Владица Брдаровски, кој не играше со Гостивар заради акумулација на картони. Првото од осумте финалиња наредниот викенд под Шара ќе ни покаже и колку битолчани умеат да се носат со притисокот на лидер.   

Нема коментара:

Постави коментар