Powered By Blogger

6. 4. 2014.

Лекарските прегледи во прилог на Вукичевиќ

ПОВРЕДАТА НА ВУКИЧЕВИЌ СЕПАК НЕМА ДА ГО ОДВОИ ПОВЕЌЕ ОД 2-3 НЕДЕЛИ ОД РАКОМЕТНИТЕ ТЕРЕНИ
Црногорскиот интернационалец Данијел Вукичевиќ сепак може да здивне. По повредата на пријателскиот меч Црна Гора - Тунис, се стравуваше кинење на лигаментите на коленото, но денес стигнуваат позитивни вести и за ракометарот и за Пелистер.
Имено повредата не е наивна, но не се работи за скинати вкрстени лигаменти, туку само за истегнати. Попрецизно утре ќе може да се предвиди периодот на рехабилитација, но тој сигурно ќе биде само неколку недели. Пелистер ќе го има Вукичевиќ за централната и финалната фаза на плеј-офот. Зелените в среда го дочекуваат Металург Јуниор од 18:30 часот во спортската сала „Младост„ во Битола во рамките на првото коло.  

Нема коментара:

Постави коментар