Powered By Blogger

26. 4. 2014.

Пелистер го „прескокна„ Прилеп и се избори за меч со Металург

ПЕЛИСТЕР ОБЕЗБЕДИ ЧЕТВРТФИНАЛЕН МЕЧ НАЈВЕРОЈАТНО ПРОТИВ МЕТАЛУРГ ВО НАЦИОНАЛНИОТ КУП
Пелистер - Прилеп 33:23 (18:10)

Игор Николовски со победа дебитираше на клупата на Пелистер, откако битолчани обезбедија меч со Металург за пласман на ракометниот Final four на Купот на Македонија во Охрид на 17 и 18 мај. Екипата на Пелистер беше пресилен залак за лидерот во Првата лига, Прилеп и го совлада со 10 голови разлика.
Многу сериозен беше пристапот на зелените, кои брзо во 11 минута имаа 5 голови предност, а до одморот таа предност порасна до 18:10. Во одбраната домашната екипа играше организирано, а сите кои добија шанса во нападот ја искористија. Најефикасни во победничката екипа беа Јуравлиов со 5 и Игор Илиевски со 4 гола. Пелистер својата цел ја оствари, но за пласман во големата четворка потребен е подвиг, со оглед на тоа што на патот стои бранителот на трофејот Металург на Лино Червар и тоа на теренот во Автокоманда. Деновиве ќе биде дефиниран календарот за преостанатите седум кола од плеј-офот на ВИП Суперлигата. 

Нема коментара:

Постави коментар