Powered By Blogger

26. 4. 2014.

Пелистер ги „наплаќа сметките„ против „романтичарите„

ЕКИПАТА НА БОЧЕВСКИ ЖЕЛНА ЗА РЕВАНШ ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ОД СКОПЈЕ
Ремито против Вардар ги охрабри пелистерци во пресрет на последните четири натпревари, а прв од нив е денешниот против Работнички. Трет меч во Битола оваа сезона меѓу двата ривали, а традицијата вели дека битолчани се фаворити по двете победи од по 1:0 во првенството и Купот.
Но подоцна во Скопје, екипата на Ангелевски ги доби двата домашни мечеви уште поубедливо со 2:0 и 4:0 и ја потврди силата на еден од двата лидери. Во битолските кулоари мечот се претставува како вистинско финале и ако се изземе есенското „вечно дерби„ кое беше најпосетен натпревар под Тумбе кафе, се очекува рекордна посета. И покрај уморот Бочевски на располагање ќе ги има сите фудбалери, со исклучок на Љубенов на кого му недостиг документ од Полска, каде настапуваше пред неколку години, за да добие работна дозвола. Воденичаров не е фит, но ќе го предводи нападот, а Марковски седум дена по повредата против Еуромилк ќе биде на клупата, како и Благојче Главевски. Петковски кој влета како џокер трет меч ќе биде во стартниот тим како лев бек, а дилемите се меѓу Анастасов и Љамчевски во улогата на организатор. Анастасов кој имаше голема шанса за победоносен гол против Вардар верува дека триумф над Работнички ќе ги залечи раните: „Секој натпревар сега е одлучувачки и мораме да дадеме се од себе за да ја оствариме целта. Ќе бидеме многу блиску до излез во Европа, ако го добиеме Работнички. Играат многу полетно во вториот дел од шампионатот и ни оставија одличен впечаток. Но имаме ненаплатени сметки и верувам дека на овој меч ќе ги израмниме. Ако има некој натпревар на кој ни треба подршка од нашите навивачи, тоа е токму овој. Не смее да ни се случи кикс, како против Металург, бидејќи табелата е збиена и противниците тоа можат да го искористат. За тоа како играме цела сезона мислам дека треба да има место за нас во фудбалска Европа и убеден сум дека тоа и ќе го докажеме во овие последните четири кола„ истакна младинскиот репрезентативец Александар Анастасов. Зелените пролетва славеа на четири од пет домашни натпревари и знаат дека од исходот на саботниот меч зависи цела една година труд, напорни тренинзи и жртвувања.

Нема коментара:

Постави коментар