Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Пелистер нема да ја потцени, но и да ја прецени Ренова

ИАКО ПО ТАБЕЛАТА БИТОЛЧАНИ СЕ ФАВОРИТИ, ПОВЕЌЕ ОД СЕРИОЗНО СЕ ГЛЕДА НА ПРОТИВНИКОТ И ПРЕДИЗВИКОТ ВО ТЕТОВО
Во некоја друга ситуација и на табелата и моменталната форма Пелистер немаше да ја има фаворитската улога на гостувањето кај некогашниот првак и победник на Купот, Ренова. Но вака со 10 бода од последните 4 меча и две кола како самостојни лидери, битолчани не можат да се сокријат од улогата на фаворит.
Три пати во својата историја триумфирале на теренот на Ренова, два пати во мечеви од шампионатот и еднаш од Купот. Овој пат од таборот на Бочевски го респектираат тимот од Џебчиште, дури и му ја препуштаат улогата на фаворит: „Секој натпревар е поинаков и не можеме да ја отпишеме Ренова, но ниту да ја прецениме. Знаеме дека тоа е екипа која се надигрува, но често знае некој да настрада во такво надигрување. Ние тоа најдобро го знаеме од мечот во Битола, каде Ренова убедливо не совлада. Верувам дека ја научивме лекцијата од тој меч и повеќе би посакал да го видиме оној Пелистер од првата гостинска победа во сезоната во август. Можам да ви ветам витештво, борба и наше добро издание како во Скопје со Вардар или во Кичево. Ако одиграме како на овие гостувања верувам дека ќе се вратиме со позитивен резултат од ова незгодно гостување„ ни рече Христијан Драгарски, кој на претходниот меч на овие два тима беше исклучен од судијата Мечкаровски. Со исклучок на повредениот Елмазовски, стручниот штаб на пелистерци може да смета на комплетниот ростер на фудбалери и со умерен оптимизам од сабота во Кичево ќе ја „кова„ тактиката за нова победа.

Нема коментара:

Постави коментар