Powered By Blogger

17. 4. 2014.

Ивановски и Астра во финалето на романскиот Куп

ПО МИНАТОГОДИШНОТО ПОЛУФИНАЛЕ, ОВАА ГОДИНА БИТОЛСКИОТ НАПАЃАЧ ЌЕ ИГРА ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА РОМАНИЈА
Деновите на успеси на македонските фудбалски интернационалци во националните Купови ширум Европа ги комплетираше екипата на Мирко Ивановски, романска Астра Плоешти, која го обезбеди финалето на романскиот фудбалски Куп.
Во полемично дерби, Астра со нашиот репрезентативец во последните 4-5 минути на теренот, го совлада градскиот ривал Петролул Плоешти со 2:1 и по 0:0 на првата средба на која беше гостин го обезбеди финалето, најверојатно против Стеауа. Кога Тамуз во 22 минута ги доведе гостите во водство, на Астра му требаше голем пресврт. Будеску во 52 минута израмни, а по исклучувањето на Морар во 85 минута, притисокот на бели-црните стана огромен. Во 90 минута со голот на Пап, домашната екипа обезбеди победа и финале. По полуфиналната елиминација од Клуж минатата година, со пласманот во финалето Астра направи чекор понатаму и ја осигура Лигата на Европа за сезоната 2014/15. Скоро сигурно противник во големото финале на националната арена во Букурешт ќе биде Стеауа, која утре го игра возвратниот полуфинален меч со Динамо Букурешт, кого го совлада на гости со 2:5. Стеауа и Астра се на првите две позиции и во националното првенство. 

Нема коментара:

Постави коментар