СО КОМПЛЕТЕН РОСТЕР И ОСВЕЖЕНИ АМБИЦИИ, ПЕЛИСТЕРЦИ ПОДГОТВУВААТ
НОВА ДОМАШНА СЕРИЈА
Мечевите со Металург оваа сезона се меѓу најубавите и
најгледливите во шампионатот на Пелистер. Од есенските 2:2 во Битола, до
ноемврискиот триумф од 2:4 на „Автокоманда„ со четири гола на Стенио Жуниор и
дочек на фудбалерите од „Чкембарите„ во доцните часови.
Ако в сабота понудат сличен спектакл двете екипи треба да очекуваме многу голови и неизвесност. Но никогаш до сега мечот на Пелистер и Металург немал толку голем влог. Сега во игра е титулата и излез во Европа, а дистанцата од три бода е незначителна. Од таборот на Бочевски порачуваат дека го заборавиле поразот во Тетово, а и од денес во стројот е и Илир Елмазовски, иако до последен момент ќе биде неизвесно дали ќе настапи од првата минута или не. Заради настинка дефанзивецот Мартин Ковачев пропушти еден тренинг, но неговиот настап не е доведен во прашање. Оптимизмот владее меѓу битолчани: „Мислам дека од домашните мечеви во оваа завршница на сезона многу работи ни зависат. Важно е да имаме правилен пристап и на секој меч во Битола да играме на три бода, без разлика на името на противникот. В сабота ни е првиот тест да видиме како ќе реагираме по поразот од Ренова. Откако загубивме од Работнички, врзавме неколку позитивни резултати, па верувам дека и овој пат ќе бидеме оние вистинските„ ни рече Филип Миленковски по вчерашниот попладневен тренинг на битолчани.

Нема коментара:
Постави коментар