Powered By Blogger

17. 4. 2014.

На Пелистер не му помогнаа ниту 42 поени на Радисављевиќ

ПОРАЗ ВО ДОБИЕН НАТПРЕВАР ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЧАЛОВ ПРОТИВ ВАРДАР АПАВЕ
Пелистер - Вардар Апаве 77:83 (21:15, 21;15, 17:22, 18:32)

Неколку дена по катастрофалниот пораз од преку 40 разлика во главниот град, кошаркарите на Пелистер загубија добиен натпревар и пред своите гледачи против Вардар Апаве. Долго време момците на Печалов имаа водство и контрола, но во последниот период играа катастрофална одбрана и им дозволија на црвено-црните да слават.
Мечот беше симултанка на најдобриот кошаркар на Пелистер Миљан Радисављевиќ, кој постигна 42 поени од вкупно 77 на неговата екипа. Но ниту тоа не беше доволно да се победи. Пајиќ и Вест во последните 5-6 минути со одлична игра под обрачите и серија на офанзивни скокови за прв пат го доведоа Вардар Апаве во водство, кое подоцна донес четврта победа над Пелистер оваа сезона. Пајиќ со 23, Сандиќ со 16 и Вест со 15 поени беа творци на победата на скопјани, а кај тимот на Печалов покрај Радисављевиќ „двоцифрени„ беа и центрите Голубовиќ со 14 и Захариевски со 13 поени.  

Нема коментара:

Постави коментар