Powered By Blogger

17. 4. 2014.

Лесна победа на Славија во Бургас

НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ФЕНЕРЏИЈАТА, СЛАВИЈА ЛЕСНО ДО НОВА ПОБЕДА
Трета победа на последните четири натпревари од плеј-аутот во бугарската лига за Кире Ристевски и неговата Славија. Во вонредното 34 коло, екипата од главниот град лесно славеше на гостувањето кај Нефтохимик Бургас со 0:3. Василев во 59, Иванов 72 и Јанков во 79 минута беа стрелци на головите за белите. Кире Ристевски како и цела оваа пролет ги одигра сите 90 минути на средбата.
Славија е и натаму на деветтото место со 46 бода и има 8 бода повеќе од опасната зона. Наредниот петок во 34 коло, Славија го дочекува Берое на Стефан Спировски, кои во ова вонредно коло беа слободни. 

Нема коментара:

Постави коментар