Powered By Blogger

9. 4. 2014.

Победи на Ристевски и Спировски во бугарската лига

НАСТАПИ И ПОБЕДИ НА ДВАТА КЛУБА СО МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО БУГАРИЈА
Нова домашна победа на Славија од Софија во рамките на вонредното 31 коло од бугарскиот фудбалски шампионат. Во плеј-аутот за опстанок, екипата на Кире Ристевски го совлада Љубимец со 4:0, а македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути.
Скоро еден час бело-црните се мачеа, а потоа скршен беше отпорот на гостите и Сандански во 57 и Јанков во 62 минута ги постигнаа головите за лесна победа на Славија. Тримфот го потврдија Иванов во 77 и Марчев во 80 минута. По овој триумф екипата на Ристевски стигна до 40 бод и има 6 бода повеќе од Черноморец, кој е на место кое што води во Втората лига. Стефан Спировски ги одигра последните 14 минути во победата на Берое над Гоце Делчев со 2:1. Тој влезе на местото на Ајас во 76 минути и момците на Хубчев го сочуваа водството. Зелените поведоа со голот на напаѓачот Ајас во 30 минута. Костадинов со прекрасен гол зголеми на 2:0 во 51 минута, а гостите само ублажија во последната 90 минута преку Башов. Берое останува водечки во плеј-аутот со 52 бода од 31 натпревар. Во наредното коло тимот од Стара Загора му гостува на Нефтохимик Бургас в недела на 13 април во 16 часот.   

Нема коментара:

Постави коментар