НОВ ПОРАЗ НА ЕКИПАТА ВОДЕНА ОД БИВШИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР
Црната серија на
Спартак продолжува. Во рамките на 23 коло на Јелен Супер-лигата на Србија, Спартак загуби на гостувањето кај
Доњи Срем со 1:0.
Долго време беше мирно и без шанси, се до 82 минута кога Мијиќ го постигна единствениот гол вреден три бода во битката за опстанок за екипата на Доњи Срем. Ова е деветти пораз во 23 меча за екипата на Канатларовски, која како да ги истроши силите играјќи и во првенството и во Купот. Сега дури и мора да внимава, бидејќи се наоѓа на 10 место само 5 бода до опасната зона. Очигледно кредитот од есенскиот дел е потрошен. Во наредното вонредно коло, в четврток Спартак во Суботица го дочекува Вождовац.

Нема коментара:
Постави коментар