Powered By Blogger

2. 4. 2014.

В петок Битола ги бира најдобрите за 2013 година


ДЕНОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПЗОНАТИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТСКИ РЕПРЕЗЕНТИ ЗА 2013 ГОДИНА
В петок Сојузот на спортови на Битола ќе ги прогласи десетте најдобри спортисти, спортските тимови, најдобрите млади спортисти во градот и ќе додели специјални признанија за минатата 2013 година.
Така дури во април оваа организација ќе го организира половина век старото прогласување на најдобрите. Во конкуренција за признанието најдобар спортист, кое минатата година го освои златната параолимпијка Оливера Наковска - Бикова, пријавени се многу инвидуални спортисти и спортисти од колективните спортови. Со растот на ФК Пелистер во втората половина од 2013 година, овој клуб се издвојува како еден од најпозитивните, а дијаметрално спротивни се РК Пелистер, кој не обезбеди место во европските купови по втор пат во својата историја и КК Пелистер, кој има тешка задача да го обезбеди опстанокот.

Нема коментара:

Постави коментар