ПОТЕНЦИЈАЛНИОТ КУПУВАЧ НА ПЕЛИСТЕР ДЕНОВИВЕ ВО БИТОЛА
Денешниот ден
може да биде клучен за иднината на ФК Пелистер. Предвидена е првата конкретна
средба за продажба на клубот, а заинтересираната страна е компанија за железо
од Турција.
Пред неколку дена беше одржана првата средба со градските власти, во која беше продлабочена можноста за преговори кои ќе се интензивираат за време на викендот. Имено турците ја побарале комплетната документација, а денес ќе го презентираат и својот план за развој на клубот. Исто така потенцијалните купувачи в сабота под Тумбе кафе ќе го следат и мечот за бодови меѓу Пелистер и Металург. Во проектот на потенцијалните газди кои поседуваат фабрики за железо во Истанбул и Измир е вклучување на уште неколку големи турски компании во проектот околу Пелистер. Ова е прва конкретна можност ФК Пелистер да биде продаден, иако претходно имаше многу шпекулации, па и распрашувања и нагаѓања. Исходот од преговорите меѓу првите луѓе на општина Битола, која е единствен акционер во клубот, и гостите од Турција ќе биде позната за неколку дена.

Нема коментара:
Постави коментар