ГОЛЕМА МАСОВНОСТ
НА 15 ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЏУДО КАЈ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Деновиве
во Битола се организираше 15 по ред државно првенство во џудо за основните училишта во организација на
Сојузот за училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Битола.
„Чест ние е што сме домаќини на државното првенство за основните училишта„ изјави Предраг Созовски, претседател на Сојузот на училишните спортови - Битола. „Има преку 150 присутни, значајна бројка за училиштата„ констатираше Ѓуро Илиќ, претседател на ДАН комисијата.
Џудото со своите карактеристи има големо влијание врз младите. „Ние вклучуваме деца уште од 5 години„ вели Илиќ. Од Сојузот на спортови тврдат дека заинтересираноста за спортот кај учениците е голема. „Како Сојуз можеме да се пофалиме со повеќе вакви активности„ вели Созовски. Технички организатор на првенството беше Џудо клубот „Пелистер" од Битола кој оваа година слави 45 години континуирана работа и постоење.

Нема коментара:
Постави коментар