ТЕЖОК ПОРАЗ И ДЕФИНИТИВНО ВТОРОЛИГАШКИ СТАТУС ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ДО ГОДИНА
Пелистер - Карпош
Соколи 72:113 (12:34, 23:23, 22:30, 15:26)
Кошаркарите на
Пелистер дефинитивно се простија од шансите за опстанок во лигата со
преубедливиот домашен пораз од директниот конкурент Карпош Соколи од Скопје со
41 разлика во рамките на 2 коло на плеј-аутот.
Неколку недели по истоветниот пораз во СЦ „Борис Трајковски„ избраниците на Благој Печалов личеа на „боксерска вреќа„ против мотивираниот противник, кој ги откри сите недостатоци во играта на битолчани. Мијовиќ со 23 и Георгиевски со 22 поени беа најефикасни во таборот на Александар Петровиќ, а Миљан Радисављавиќ беше единствениот кој парираше кај зелените со 29 поени. Само теорија може да им помогне на пелистерци да го избегнат најлошото, а тоа е испаѓање во понизок ранг по втор пат во четири години.

Нема коментара:
Постави коментар