Powered By Blogger

29. 4. 2014.

Пелистер пречесто затајува на клучните натпревари

ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ „ПЕЧАТ ЗА ЕВРОПА„ А ПЕЛИСТЕР ПАК СЕ „ЛИЗНА„ ВО НАЈПОТРЕБНОТО
Саботниот меч со Работнички беше меч-топка за четврто излегување на фудбалерите на Пелистер на меѓународна сцена. Победа значеше голем исчекор, скоро 90% завршена работа, па дури и некој поглед кон титулата. Но по поразот кој следеше во врнежливото битолско попладне, сега пред зелените е потешкиот пат да се стигне меѓу четирите екипи кои ќе играат во европските купови, а титулата е невозможна мисија.
По 4 кола од досега одиграните 30, битолчани беа на врвот и скоро секогаш им тежеше големото „бреме„ на лидер. Пречесто избраниците на Драган Бочевски затајуваа на мечевите од витален карактер, па дефинитивно во прашање се и фудбалски, но и карактеријални лимити. Начинот на кој Пелистер му пристапи на мечот со Работнички беше прв негативен сигнал. Рано примениот гол исто така придонесе по тешкиот терен, домашната екипа уште потешо да се снаоѓа и да напаѓа. Но овој меч се надоврзува на претходните со Металург под Тумбе кафе и Ренова под Шара, каде мали но сепак големи детали го одлучија победникот, кој не беше Пелистер, туку противникот. Инвидуалните грешки, како и колективната скромност во организација на играта и кон противничкиот гол им се одби од глава на зелените. Но оваа сезона ако некогаш Пелистер покажал карактер тоа е на „Кукуш„ во Турново минатата есен, а токму таму игра наредната недела. Тогаш битолчани отидоа на мегдан на вицешампионот по домашниот дебакл од Ренова со 0:4 и кога никој не очекуваше, славеа со 0:2 со головите на Љубенов и Стенио Жуниор. Но и двајцата ги нема во Пелистер, како и Китановски и Алтипармаковски, кои заминаа во зимскиот преоден рок. Со посилните противници во лигата нивното одсуство и тоа како се чувствува. Во екипата се враќа Николај Христов, кој не настапи во саботата заради акумулација на жолти картони. Радува првиот гол оваа сезона на Благојче Главевски, кој по тешката повреда веќе повеќе од еден месец е во тренажен процес и му недостигаат натпревари да констатира до каде е неговото опоравување. Хоризонт Турново, Брегалница и Шкендија се преостанатите три ривали на пелистерци и по сите комбинации потребни им се 6,7 бода за математичка потврда за излез во Лига Европа. Иако има многи директни дуели на екипите од врвот, зелените сеуште сами зависат од својата судбина, но саботниот пораз тешко им падна. Задачата на Драган Бочевски е повеќе ментално да ја врати екипата, одколку физички. На последните три гостувања во Турново, битолчани не загубиле и традицијата им оди во прилог. Веројатно тимот ќе претрпи 3-4 промени од оној стартниот со Работнички и како и цела сезона, Пелистер може подобро да игра кога противникот е фаворит, одколку обратно. Можеби ќе се повтори ноември и подвигот кога сите ги отпишаа избраниците на Бочевски?

Работнички „кошмар„ за пелистерци


Трет пат оваа сезона Работнички на Игор Ангеловски го совлада Пелистер и полека му набива комплекс на битолчани. Ако првите два порази беа во Скопје од 2:0 и 4:0, сега Работнички славеше и под Тумбе кафе и ја прекина серијата од порази во Битола. Со години дебармаалци играа лошо и резултатски минуваа уште полошо во градот на конзулите. Минатата есен загубија два пати со по 1:0 и практично немаа ниту шанси на споменатите мечеви. Но овој пат и по тешкиот терен ја демонстрираа својата квалитативна супериорност, посебно благодарение на искусните Илијевски, Тодоровски и Маневски.

Нема коментара:

Постави коментар