Powered By Blogger

8. 4. 2014.

Изненадувачка парична казна од РФМ за Ангеловски


НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РФМ ПАРИЧНО КАЗНЕТ НАЈВОЗРАСНИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ПОСЛЕДНОТО ЕУРО
Големо изненадување и уникатна казна во македонскиот ракомет следеше утринава во редовната средба на првите луѓе на нашиот ракомет. за прв пат во историјата следи парична казна по изречена изјава пред новинарите.
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, чија седница се одржа денес,донесе одлука да го казни репрезентативецот Бранислав Анеловски со парична казна од 200.000 денари, за непримерна изјава дадена на ЕП во Данска. Со неа, Ангеловски го нарушил угледот на РФМ и на репрезентацијата, а казната ќе треба да ја плати во рок од осум дена. Битолчанецот кој настапува во Констанца се уште не се огласил по казната. Ангеловски овој викенд беше во Македонија, а од вчера му се приклучи на својот клуб за завршниот дел од сезоната.

Нема коментара:

Постави коментар