Powered By Blogger

7. 4. 2014.

Против Металург и Еуромилк во сабота

КАЛЕНДАРОТ ВЕЛИ ДЕКА ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН ВО САБОТА
Во наредните две кола Пелистер е домаќин и многу нешта за врвот на табелата зависат од исходот на мечевите од 27 и 28 коло против Металург и Еуромилк под Тумбе кафе. Деновиве ќе биде потврдено дека двата натпревари ќе се играат во сабота на 12 и 19 април. Имено против Металург, зелените ќе играат во сабота заради претседателските избори, а постои реална опција заради директниот пренос на националниот сервис, мечот да се игра наместо во 16 во 15 часот. Против Еуромилк мечот е предвиден за сабота 19 април од 16 часот, заради Велигденските празници. Комплетното коло од шест меча ќе се игра во сабота. Веднаш по овие два натпревари следи „вечното дерби„ со Вардар на 23 април во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар