Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Половина час за Спировски, Берое убедлив на гости

ЕКИПАТА КОЈА Е ХИТ ВО БУГАРСКАТА ЛИГА, ПРОДОЛЖУВА ДА РЕДИ ПОБЕДИ ОВАА ПРОЛЕТ
Бившиот фудбалер на Пелистер, Борац Чачак и Работнички, Стефан Спировски настапи половина час во мечот од 30 коло на бугарскиот шампионат помеѓу Љубимец и неговиот Берое.
Со голот на Костадинов во 13 минута „зелените„ поведоа со 0:1. Андонов во 50 минута со слалом низ домашната одбрана зголеми на 0:2. Жуниор Мпиа Мапуку во 55 минута со трет гол во мрежата на Љубимец, ги реши дилемите околу победникот. Во 63 минута Стефан Спировски влезе во игра на местото на Џоман и 29 мина на теренот. Финалните 0:4 ги постави бразилецот Жуниор Мапуку со гол во 82 минута. Оваа победа само го потврди првото место на Берое во плеј-аутот или вкупно осмо во шампионатот со 49 бода. Во вонредното 31 коло в среда од 18 часот, Берое во Стара Загора го дочекува тимот на Гоце Делчев од Пирин. 

Нема коментара:

Постави коментар