Powered By Blogger

8. 4. 2014.

ФОТО: Новиот стадион во Битола треба да биде вистинска „убавица„


БИТОЛЧАНИ ЛУДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГЛЕДОТ НА НОВИОТ „ТУМБЕ КАФЕ„
Денешниот ден може да биде еден голем нов почеток за битолскиот спорт. Имено, Општина Битола и архитектонското биро „Мегарон-инженеринг“ од Скопје преку архитектот Предраг Атанасов, во салата на советот на општината го промовираа идејното решение и проектот за изградба на новиот фудбалски стадион „Тумбе Кафе“ со капацитет од 12.300 гледачи.
 
Новиот фудбалски стадион ќе биде изграден според меѓународни стандарди и според критериумите на ФИФА и УЕФА и ќе биде класифициран во стадиони од втора категорија, на кој ќе може да настапува и националната сениорска фудбалска селекција. Предвидени се две големи трибини од по 4.000 гледачи и две помали зад головите со по 2.000 гледачи. 
Исто така најверојатно ќе има и атлетска патека и стадионот ќе биде повеќе наменски. Комплетната документација за стадионот, кој треба да биде осветлен со рефлектори, општината треба да ја добие најдоцна до 1 јуни. Целиот проект и изградбата би чинела 8-10 милиони евра. На презентацијата присуствуваа стотици битолчани, спортски работници, членови на Сојузот на спортови, на ФК Пелистер и прибатните фудбалски школи, членови на останатите клубови од градот „Чкембарите„ советниците и заинтересирани граѓани. 
 Според спортскиот новинар и хроничар Димче Миновски првиот фудбалски стадион во Битола бил изграден пред 77 години, а изградбата на новиот модерен стадион ќе биде на истата локација под Тумбе Кафе во овој град.

Нема коментара:

Постави коментар