НЕВООБИЧАЕН РЕКОРД НА НАПАЃАЧОТ НА ПЕЛИСТЕР, КОЈ ИГРА ВО ГОЛЕМА ФОРМА ОВАА ПРОЛЕТ
Бугарскиот
напаѓач на Пелистер, Димитар Воденичаров се наоѓа во својот најпозитивен момент
откако го засили тимот од Битола. Имено откако си заминаа во зимскиот преоден
рок и Стенио Жуниор и Марјан Алтипармаковски, а Благојче Главевски по повредата
не играл подолг период, бугаринот блеска на сите терени во Македонија. Имено
тој е првиот и единствен фудбалер во тековниот шампионат кој постигнал голови
на пет средби последователно. Серијата на напаѓачот започна против Македонија
Ѓ.П. со голот од пенал за победа во 90 минута во 22 коло. Четири дена подоцна
против истиот ривал, пак во 90 минута, но овој пат со глава Воденичаров погоди
за нови три бода. Следеа два гола во Кичево во победата од 1:3 и уште два
нереализирани пенали. Па Воденичаров пак во последната минута ја потврди
победата против Гостивар од 2:0. Серијата ја комплетираше во Тетово, каде
против Ренова беше автор на израмнувачкиот гол со глава во 79 минута. Овој гол
е единствен, кој не донесе бодови, но можеше да биде поинаку ако прилепските
судии го признаа голот за 2:2 во 93 минута, кога постоеа многу дилеми околу тоа
дали топката ја мина гол линијата или не. Шест гола оваа пролет за Воденичаров,
кои лесно можеа да бидат девет, ако бугаринот ги реализираше пеналите во Кичево
и ако судиите покажеа на центарот по неговиот удар во пречката, па на (или зад)
гол линијата вчера во Тетово. Севкупно заедно со есенските голови Виденичаров
има 9 голови за првенствени бодови и 1 во националниот Куп.
Нема коментара:
Постави коментар