Powered By Blogger

17. 12. 2014.

Коњарски замина од Младост царев двор, се враќа во Првата лига

ФУДБАЛЕРОТ ЗА ВРСКА НА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ЗАМИНУВА ОД ВТОРОЛИГАШОТ
Еден од најдобрите фудбалери на амбициозниот второлигаш Младост Царев двор, битолчанецот Благојче Коњарски го напушта ресенскиот второлигаш и најверојатно ќе се врати во некој од прволигашите.
Фудбалерот кој ова лето од Напредок мина во Младост Царев двор е дел од академијата на Пелистер, во неколку наврати настапуваше за битолскиот прволигаш, а играше и во дресот на Македонија Ѓ.П. и Силекс. И овој пат постои голем интерес од неколку прволигаши за поливалентиот фудбалер за врска и нема да биде изненадување да засили некој од клубовите од нашиот најсилен ранг.

Нема коментара:

Постави коментар