ТРОЈЦА БИТОЛЧАНИ, А ДВАЈЦА ОД ПЕЛИСТЕР ПОВИКАНИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 21 ГОДИНА, КОЈА ЌЕ ОДИГРА ТЕСТ МЕЧ И ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
Стручниот штаб на репрезентација на Македонија до 21 година
ќе организира селективен тренинг-камп од 7 до 11 декември во Дојран. Селекторот
на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, за селективниот тренинг камп
повика 22 фудбалери, меѓу нив тројца битолчани (Пивковски, Мустафов и
Мирчевски). Во рамки на селективниот тренинг камп ќе бидат одиграни и два
контролни натпревари, на 9 декември со Хоризонт Турново и два дена подоцна со
Пелистер.
Голмани:
Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија
ЃП)
Одбрана:
Дарко Велковски (Работнички), Леон Најдовски (Македонија
ЃП), Алекса Амановиќ (Телеоптик), Виктор Талевски, Филип Ристовски (Металург),
Ангелче Тимовски (Силекс), Бесир Демири (Шкупи), Стефан Коцев (Брегалница),
Стефан Багашовски (Силекс)
Среден ред:
Бурхан Мустафов (Пелистер), Кристијан Иванов (Хоризон
Турново), Бесмир Бојку (Шкендија), Мартин Мирчевски (Пелистер), Јасир Асани
(Вардар), Валентин Кочовски (Хоризонт Турново)
Напад:
Виктор Англелов (Металург), Филип Пивковски (Новара), Марјан
Радески (Металург), Димитар Иванов (Вардар), Љавдрим Скендери (Ренова)
Нема коментара:
Постави коментар