ЧОВЕКОТ СО 245 НАСТАПИ ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ЗА „24 РАКОМЕТ„
Во долго интервју
за 24 ракомет, нашиот репрезентативец со најмногу настапи и бившиот директор на
репрезентацијата, Стевче Алушовски со носталгија говореше за неговиот матичен
клуб и го спореди и со последните македонски шампиони Металург и Вардар кои го
превзедоа приматот од битолчани пред осум години: „Јас сум дете на
Пелистер, незнам како функционира Вардар со Самсоненко сега, но мислам дека
овие клубови и Металург и Вардар со Михајло Михалјовски беа далеку зад она што
значеше Пелистер во тоа време, како еден клуб треба да изгледа организациски,
како еден клуб треба да живее со играчите и со тренерот, Пелистер функционираше
како едно семејство.
Според мене Силјан Мицевски е човек кој многу знае
ракомет, за жал го изгубивме во ракометот, искрено се надевам дека повторно ќе
се врати. Ме боли тоа што од 2005
година Пелистер е оставен на милост и немилост. Сум освоил многу титули со
Пелистер и во домашно првенство и купот, имам бројни настапи на европска сцена,
бев дел од репрезентацијата која се пласираше и на Европско и на Светско Првенство
како ракометар на Пелистер. Навистина ми е криво што Пелистер е толку ниско на
ракометното небо, меѓутоа искрено се надевам дека времињата ќе се променат и
Пелистер ќе го врати стариот сјај. Првата титула по осамостојување на
Македонија ми е еден од најдрагите моменти, прва титула, нова држава, млад
играч, чувствувате едноставно дека сè е ваше. Победата над Фленсбург кој тогаш
беше победник на ЕХФ, силен Фленсбург со врвни германски ракометари. Освојување
на Купот на Македонија во
1999 година во Велес со
четири повредени играчи, кога отидовме како отпишани, а го освоивме Купот, тоа
се тие моменти што ќе останат во сеќавање„ заклучи Алушовски.
Нема коментара:
Постави коментар