ПРОМЕНИ НА ПОДОБРО ВО ФУДБАЛСКАТА ШКОЛА Е НАРЕДНАТА АКТИВНОСТ НА БИТОЛСКИОТ КЛУБ
Еден убав обичај
наметнува фудбалската академија на Пелистер која синоќа како завршница на
сезоната на тренинзи и натпревари организираше хепенинг на теренот „Павел
Шатев„ каде сите членови на школата на клубот, а ги имаше преку 200, нивните
родители, тренерите и одговорните се забавуваа, натпреваруваа меѓу себе и со
дружба ја завршија тековната година.
Спортскиот директор Милош Манојловиќ денес
на прес-конференција ги испрати двајцата гости-предавачи во школата србинот
Драган Марјановиќ и англичанецот со туниско потекло Жадиди Шарауи, кои во
претходните 10 дена им беа од корист на тренерите и талентите од Битола.
Двајцата беа преполни со емоции што заменија различни искуства и што стекнаа
нови пријатели: „Кога ќе се вратам во Србија ќе има што да кажувам. Бев дочекан
од сопственикот Ристевски и спортскиот директор Манојловиќ како што доликува на
голем клуб. Научив многу, разменив исто така идеи со колегите и верувам дека
повторно ќе соработуваме„ истакна Марјановиќ, кој е дел од школата во Ужице и
фудбалски „татко„ на Видиќ и Јовановиќ. Шарауи во суперлативи говореше за
првите луѓе на клубот, тренерите и младите фудбалери: „Импресиониран сум од
младите таленти, од тренерите и ентузијазмот. Јас стекнав пријатели засекогаш и
се чувствував како дома овие скоро две недели во Битола„ вели Шарауи, кој со
децении работи во Премиерлигата и во Чемпионшип, а моментално е дел од
академијата на Хадерсфилд. Спортскиот директор Манојловиќ најави дека најдоцна
за две недели клубот ќе ги избере тренерите во фудбалската школа и на
специјална прес-конференција ќе го претстави проектот на фудбалската школа за
2015 година.
ФОТО: Битолски
весник
Нема коментара:
Постави коментар