Powered By Blogger

27. 12. 2014.

Целата битолска спортска фела го оплакува Чурлевски

ОДРЖАНА КОМЕМОРАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАР
Малата сала на Центарот за култура денес беше претесна да ги прими сите битолчани, спортски луѓе, ракометни работници и пријатели на легендарниот Боро Чурлевски на комеморацијата во негова чест.
Во организација на неговиот матичен клуб РК Пелистер, на комеморацијата говореа битолскиот новинар Димче Миновски, во името на неговите колеги Стевче Стефановски и во името на РФМ, Јован Василев.
Скоро целиот тим од златната генерација на Пелистер беше присутен на комеморацијата, а подоцна и на закопот. Од македонските клубови покрај Пелистер, уште и Прилеп и Металург пратија свои претставници да упатат сочувство на големиот Боро. Во името на репрезентативците исто така беше испратен последен поздрав за бившиот среден бек на националната репрезентација. 
Тренерот на Констанца, Звонко Шундовски, најтрофејниот македонски тренер Цане Крстевски, тренерот на ФК Пелистер, Ѓоко Хаџиевски, претставници на навивачката група „Чкембари„ градоначалникот Владимир Талески исто така го испратија битолскиот ракометен геније. Беше отворена и книга на жалост, во која сите се запишаа и оставија спомени поврзани со покојниот Боро Чурлевски. 

Нема коментара:

Постави коментар