Powered By Blogger

1. 12. 2014.

ФК Пелистер го прекинува молкот и ги открива своите планови

КОНЕЧНО ВО ПЕЛИСТЕР ЗАВРШУВА МОЛКОТ И СЕ НАЈАВУВА НОВИОТ ПРОЕКТ
Веќе 40-50 во ФК Пелистер молк и најава за она што ќе се случува оваа зима. Лошите резултати како да ги примораа првите луѓе на клубот уште повеќе да ги „засукаат ракавите„ и да направат коренити промени. Но во клубот веќе извесен период никој не дава изјави, па полека се гледа крајот на таа пракса.
Од клубот најавуваат дека в среда ќе следи собрание на клубот, по кое ќе биде избран новиот борд на директори, а веднаш потоа на официјална прес-конференција ќе биде претставен новиот тренер. За наследникот на Марјан Секуловски има неколку комбинации, но веројатно пелистерци уште не одлучиле кому да му ја доверат во последните неколку години несигурната клупа. Пелистер презими како осми со 18 бода по 17 одиграни натпревари. 

Нема коментара:

Постави коментар