БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО ТАБОРОТ НА ВАРДАР ПАК НА ТЕРЕНИТЕ ПО ПОВРЕДАТА ВО ТЕТОВО
По сериозната повреда на грбот единствениот битолчанец кој е
есенски првак со Вардар, Благојче Љамчевски пак е на теренот. И покрај тоа што
подготовките на Вардар започнуваат на 8 јануари 2015 година, Љамчевски со
инвидуални тренинзи го доближува своето враќање на терените:„
Повредата беше
навистина незгодна, бидејќи не можев да се движам лесно и морав многу да
мирувам. Сега се чувствувам одлично и со нетрпение чекам да се вратам во тимот
на стартот на зимските подготовки. Во овој период кога сите паузираат јас ќе се
обидам со индивидуални тренинзи да се вратам на старото ниво и секако да бидам
што подготвен за пролетниот дел од полусезоната“ изјави Љамчевски за
порталот„Спортмедиа“.
Нема коментара:
Постави коментар