ВЕЌЕ ТРОЈЦА ФУДБАЛЕРИ ГО НАПУШТИЈА ПЕЛИСТЕР ОВАА ЗИМА
По заминувањето на
Кирил Динчев минатата недела, од пред
неколку дена членови на Пелистер не се
повеќе и Бошко Ступиќ и Горан Ганчев.
Првиот клубски стрелец оваа сезона
босанскиот интернационалец Бошко Ступиќ
спогодбено го раскина договорот и ќе
побара нова средина. Тој со шест гола
беше најефикасен во најнеефикасната
екипа во нашиот фудбалски шампионат.
Искусниот дефанзивец
кој ова лето се врати од Бахраин, Горан
Ганчев исто така го напушти битолскиот
прволигаш по три месеци и подготвува
ново заминување на далечниот исток.
Ганчев одигра неколку мечеви, главно
како партнер на Александар Крстески во
одбраната на централен дефанзивец, иако
на два меча играше и како десен бек.
Многу поуспешена за него беше првата
сезона во дресот на Пелистер пред пет
сезони. Со овие заминувања јасно е дека
на Пелистер ќе му требаат искусни
фудбалери да ги пополнат испразнетите
места, што директно управата и тренерот
Хаџиевски ги најавија. Имено искусниот
стручњак откри дека 7-10 нови фудбалери
ќе пристигнат оваа зима под Тумбе кафе.
Нема коментара:
Постави коментар