ХРВАТСКИТЕ КЛУБОВИ НАЈУСПЕШНИ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КК„МЛАДОСТ„
Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“, Општина
Битола и Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола
изминатиот викенд се одржа петтиот традиционален меѓународен Велигденски турнир
за млади категории „Битола 2015“. Учество зедоа 18 екипи од Македонија и
Хрватска и тоа, во четири категории: девојки родени 1999/2000, девојки 2001/02,
момчиња 2000/01 и момчиња 2003/04. Натпреварите се одржаа во спортската сала
„Павел Шатев“ - Студентски дом и спортската сала „Младост“. По тридневни
натпревари сосема заслужено првите места во три категории им припаднаа на
гостите од Задар, Република Хрватска:
ДЕВОЈКИ 1999/2000:
Задар, Младост, МНА-Кавадарци, Гостивар 2009
ДЕВОЈКИ 2001/02:
Задар, Младост, Гостивар 2009, Струга 2009
МОМЧИЊА 2000/01:
Воштарница - Задар, Партизан ВС - Скопје, Црн Дрим - Струга,
Младост, Гостивар 2009
МОМЧИЊА 2003/04:
Партизан ВС, Воштарница, Младост, Гостивар, Црн Дрим
Организаторот на најдобрите им додели пехари и дипломи. Свој
настап имаа и поранешните кошаркарки на Пелистер/Битолатекс кои одиграа
ревијален натпревар со женската екипа на „Младост“ засилена со поранешниот
капитен Симона Стојановска. Исто така, и најмладите членови на „Младост“ (деца
од 4-8 години) имаа свој настап. „Добро организиран турнир кој што во целост ги
исполни нашите очекувања. Видовме до каде се и македонските и хрватските
надежи. Благодарност до организаторот за прекрасниот пречек и организација на
натпреварите„ изјави Умберто Пиасеволи, селектор на женската кадетска
репрезентација на Хрватска и тренер на ШК „Задар“. „Годинава покрај рекордниот
број на учесници имавме и обврска да се претставиме како добри домаќини на
гостите од Задар. Најбитно беше што децата се дружеа и стекнаа нови пријатели.
Во иднина очекувам продлабочување на нашите спортски контакти со Задар и
одигрување на натпревари и во Задар„ по завршувањето на турнирот изјави Горјан
Стојановски, претседател на КК „Младост“.
Нема коментара:
Постави коментар