СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Томе Китановски
одигра 82 минути, а Вождовац освои бод на теренот на лидерот во српската Јелен
Супер лига, Партизан во Белград (3:3). Пред 4.000 гледачи на стадионот на
Партиза, како и на првиот натпревар на кој беше домаќин, Вождовац водеше до 85
минута, и ако на првата средба прими два гола и загуби, денес извлече бод.
Нинковиќ, Илиќ и Станимировиќ (автогол) ги постигнаа головите за Партизан, а
Шкерјанц, Одита и Џугурдиќ погодија за Вождовац. Пред мечот на Црвена Звезда в
понеделник во Ниш, Партизан има седум бода повеќе од вечниот ривал. Вождовац е
на 11 место со 17 бода. Во наредното 17 коло, тимот на Китановски на својот
„Трговски стадион„ го дочекува Доњи Срем.
Нема коментара:
Постави коментар