Powered By Blogger

20. 12. 2014.

Бујчевски го раскина договорот со Ренова

БИТОЛЧАНЕЦОТ ЌЕ ГО МЕНУВА КЛУБОТ, А МНОГУ ВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ПЕЛИСТЕР
Младиот битолски напаѓач кој во есенскиот дел од шампионатот настапуваше за Ренова, Антонио Бујчевски не е повеќе член на тетовскиот прволигаш. Бујчевски спогодбено го раскина договорот со „гипсарите„
Фудбалерот кој потекнува од школата на Пелистер, настапуваше покрај за матичниот клуб и за Еуромилк и Вардар, сега е баран на фудбалскиот пазар и многу веројатно брзо ќе го официјализира новиот клуб. Се спомнува дека Пелистер е заинтересиран да го врати во своите редови, со оглед на тоа што клубот остана без тројцата напаѓачи, бидејќи заминаа Ступиќ, Главевски и Марковски. 

Нема коментара:

Постави коментар