Powered By Blogger

7. 12. 2014.

Гостувањето на Шарауи и Марјановиќ - полн погодок

ПОЗИТИВНИ ВИБРАЦИИ ОД ПОСЕТАТА НА ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР НА ДВА ПОЗНАТИ ЕВРОПСКИ СТРУЧЊАЦИ
ФК Пелистер во претходните денови ја отвори вратата на својата академија на двајца еминентни тренерски стручњаци за работа со млади категории кои во улога на предавачи работеа со членовите на школата на клубот и со тренерите од битолското фудбалско подрачје.
Имено србинот Драган Марјановиќ, кој е архитект на школата на Слобода од Ужице и човек кој ги создаде Немања Видиќ и Милан Јовановиќ и англискиот стручњак со туниско потекло Жадиди Шарауи, кој живее во Ливерпул, но бил дел од работата во Тотенхем и Хадерсфилд, до средината на оваа недела ќе работат на терените на ФК Пелистер. Тие најнапред имаа теоретски предавања, а потоа и на теренот практично ги понудија своите услуги на битолските таленти и тренери. Проектот како успешен го окарактеризираа и тренерите и првите луѓе на ФК Пелистер.
Драган Марјановиќ

„Задоволство ми е што сум дел од овој проект кој сметам дека ќе биде успешен. Ние во Србија знаеме каков статус имаше и има Пелистер и ќе се вратам во мојата земја полн со импресии. Со условите кои полека се создаваат и талентот кој е неспорен на овие дена, убеден сум дека овој клуб има своја светла иднина„
Жадиди Шарауи

„Среќен сум што сум тука и благодарен му сум на мојот пријател Милош Манојловиќ за поканата. Во оваа работа еден човек ништо не може сам. Сите заедно треба да работиме за оваа академија да ја насочиме на правиот пат. Во Македонија се чувствувам прекрасно, луѓето се гостопримливи, баш како да сум во мојата земја„
Милош Манојловиќ
(спортски директор на ФК Пелистер)

„Сите коментари за ваквиот начин на работа се позитивни и скоро сите со одобрување зборуваат за нашите гости. Затоа ќе ни биде честа пракса нашиот клуб и нашата академија да ја посетуваат и со свое знаење да ја оплеменуваат познати светски стручњаци, кои знаат повеќе од нас и кои ќе ни помогнат да ја развиеме школата на ФК Пелистер„

Нема коментара:

Постави коментар