СЕ ЗГОЛЕМУВААТ НАГАЃАЊАТА ОКОЛУ НОВИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР
Иако се споменуваа имињата на Жикица Тасевски, Стевица Кузмановски, во последните неколку часа и на Влатко Костов, сепак според изворите на порталот, Хаџиевски по 23 години ќе се врати во клубот во кој се афирмираше како тренер во лигата на бивша Југославија. Хаџиевски веќе пред неколку дена се договорил со управата и новиот доминантен сопственик на битолскиот клуб „Цермат„. Тој сезоната ја почна како спортски директор во Вардар, а кратко работеше и во Саудиска Арабија. Деновиве се очекува потврда или демант на оваа информација. В среда Пелистер ќе има редовно собрание на кое ќе биде избран новиот борд на директори, а до крајот на неделата е најавена и прес-конференција на која ќе бидат обелоденети повеќе детали околу тренерското место. Зелените полусезоната ја завршија како осми со 18 освоени бода.
Нема коментара:
Постави коментар