СПУШТЕНА ЗАВЕСАТА НА ФУДБАЛСКАТА 2014 ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Со денешниот
натпревар помеѓу своите фудбалери и оние кои се пробен период во битолскиот
прволигаш, официјално заврши со работа професионалниот погон на ФК Пелистер. Од
пред две недели извесно е дека зелените презимуваат на 8 место со 18 бода и оваа
прва полусезона може да се подели на два дела: многу позитивен старт и
негативен крај на есенскиот дел.
Сега фудбалерите добиваат заслужен едномесечен
одмор, а потоа на 12 јануари Ѓоко Хаџиевски и неговиот стручен штаб ќе
прозиваат за зимските подготовки. До тогаш предвидени се неколку замени во
играчкиот кадар, а познато е дека во Битола и Анталија пелистерци ќе ги извршат
подготовките за мартовскиот старт на вториот дел од шампионатот.
Нема коментара:
Постави коментар