Кога во 1988
година Хаџиевски беше назначен за тренер на Пелистер, претседател на
привремената управа беше новинарскиот доајен Димче Миновски.
Сега Миновски го
пречека Хаџиевски со легендарната изјава на аргентинскиот тренер Хеленио
Херера: „Кога еден тренер доаѓа да работи во нов клуб, неговите куфери се
секогаш спремни и спаковани. Како гостин во хотел. Знаете каков е тренерскиот
занаает. Но ние се надеваме дека Ѓоко веќе ги одпакува куферите и нема да
повеќе да ги пакува бидејќи се врати дома„ беше поентата на Миновски. Иако не
беа откриени детали од договорот, се шпекулира дека тој е долгорочен, дека
изнесува 2+2 години и дека Хаџиевски ќе „гради„ нов модерен и можен Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар