СЕРИЈА НА ТЕСТ МЕЧЕВИ ЗА БИТОЛЧАНИ ПРЕД ЗИМСКАТА ПАУЗА
Фудбалерите на
Пелистер ќе тренираат до 15 декември, а потоа ќе заминат на заслужен одмор и ќе
му ја препуштат работата на управата, која најавува многу промени во играчкиот
кадар пред пролетниот дел.
Но претходно екипата ќе одигра четири контролни
натпревари, по кои новиот стручен штаб ќе може да види во живо дел од
можностите на овој ростер на пелистерци. В сабота битолскиот прволигаш ќе
одигра тест помеѓу своите професионалци, во вторник следува меч на Б екипите на
Пелистер и Вардар, а наредниот четврток битолскиот прволигаш ќе патува за
Дојран, каде ќе игра тест меч со младата селекција за фудбалери под 21 година.
Последниот пријателски меч е со противник кој сеуште не е дефиниран и ќе биде
одигран под Тумбе кафе наредната сабота на 13 декември.
Нема коментара:
Постави коментар